Верстапен ја доби битката со Леклер во Џеда, само поен за Хамилтон

Втората трка од Ф1 сезоната во петокот и саботата ни донесе многу драма надвор од патеката Џеда во Саудиска Арабија со нападот во близината на патеката и желбата на дел од возачите трката да не се оддржи, но во недела бевме почестени со фантастично шоу кое ни го приредија светскиот шампион Макс Верстапен во Ред бул и асот на Ферари, Шарл Леклер.

На крајот Верстапен со фантастично претекнување на три круга пред крајот, успеа да го победи ривалот со кого се познаваат од картинг-деновите најавувајќи борба на двајцата оваа сезона. Третото место отиде кај Карлос Саинс Јуниор во второто Ферари, додека четврт беше освојувачот на пол-позицијата Серхио Перез, кој едноставно немаше среќа со случувањата на патеката.

Џорџ Расел беше „најдобар од отстанатите“ со петто место за Мерцедес, пред Естебан Окон во Алпине, Лендо Норис во препородениот Мекларен, Пјер Гасли во Алфа Таури, повратникот Кевин Магнусен во Хас, додека седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон успеа да освои само еден поен на десеттото место.

Перез успеа да го заддржи водството по стартот на трката, останувајќи пред Леклер, додека Верстапен, кој стартуваше како четврт успеа да го помине Саинс. Меѓутоа, овој распоред, кој изгледаше „стабилен“ беше нарушен кога Никола Латифи излета со својот Вилијамс, предизвикувајќи излегување на безбедносното возило. Перез веќе имаше влезено во боксот, а Леклер, Верстапен и Саинс го искористија моментот и влегоа во боксот, оставајќи го Мексиканецот на четвртото место.

Верстапен не се откажа од „потерата“ по Леклер, и по неколку неуспешни обиди за претекнување, на три круга пред крајот, конечно најде место пред својот стар ривал за да изддржи до крајот за победа по катастрофалниот старт на сезоната во Бахреин каде што не ја заврши трката.

Треба да знаете
Последни објави