ПСЖ и Јунајтед го бараат Роберто Манчини

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини е пред заминување од клупата на „аѕурите“ откако не ги однесе на Мундијалот, а веќе се познати кандидатите за негов наследник.

Според Gazzetta dello Sport, Фудбалскиот сојуз на Италија поради претходните заслуги, односно освојувањето на ЕУРО, решил да не го отпушти Манчини по големата непријатност и испаѓањето во квалификациите за СП од Северна Македонија, но му било кажано да размисли за давање оставка.

Доколку Манчини го направи потегот што го посакува најголемиот дел од италијанската јавност, италијанската федерација ќе избере меѓу тројца кандидати за негов наследник. Тоа се Роберто Де Зерби, и легендите на италијанскиот фудбал Фабио Канаваро и Џенаро Гатузо.

Сепак, во исчекување на неговата одлука постои голем интерес за тренерските услуги на Роберто Манчини. Два големи клуба се заинтересирани да го имаат се уште актуелниот селектор на Италија кој е пред отказ, на своите клупи.

Тоа се ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Последните информации говорат дека раководствата на двата клуба веќе го контактирале екс стратегот на Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит.

Треба да знаете
Последни објави