И покрај тоа што се пензионираше од репрезентативниот дрес, Горан Пандев на секој можен начин ја дава поддршката на нашите фудбалери.
Тој, како ретко кога досега е активен на социјалните мрежи а пред некој час на својот Инстаграм профил му посочи на министерот Бујар Османи.
„Смешен си господине и жален, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици а не пасоши“ напиша Гоче на Инстаграм.
Да потсетиме, Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Благоја Милевски добија дипломатски пасоши од страна на Министерството за надворешни работи.