Приказната за Краш има минато и иднина и е „Вкус кој се споделува со генерации” под ова мото се ре-отвори Краш Бонбониера на улица Македонија.
Со свечена црвена лента точно напладне вратите на „Краш” ги отворија претставници од менаџментот на Краш Хрватска и увозниците Колид С Тим, како и Хрватската амбасадарока Нивес Тигањ.
– Нашите соработници во Македонија ја следат визијата на „Краш” најдобар бренд на Балканот и поим за чоколади и слатки за идните генерации. Приказната за “Краш” има иднина и треба да се споделува со генерации бидејќи „Краш” бил и останува омилен бренд кој треба да го негуваме. -рекоа Невен Пивац мнозински акционер и Славко Ледиќ претседател на управниот одбор на „Краш Хрватска”.
За сите љубители на чоколадите тие подготвија големи слатки изненадувања.
– Направивме комплетно реновирање и ребрендирање на продажниот салон на „Краш” на ул. Македонија а целта беше да ја пренесеме визијата на брендот, а тоа е да се отворат што повеќе слатки продавници за импулсно секојдневно пазарување со голем избор на подарок- пакувања, свежи рефусни слатки и чоколатца. – потенцираше Душко Стојков сопственик на компанијата Колид С Тим ексклузивниот увозник и дистрибутер на производите на Краш Загреб за Македонија.
Хрватската амбасадорка во Северна Македонија Нивес Тигањ рече дека е чест што една од 30-те хрватски компании кои успешно работат на македонскиот пазар.
– Навистина сум задоволна што „Краш” повторно ги отвори вратите за сите гурмани и сладокусци. Сигурно една од нив е познатата Бајдера, а Амбасадата на Република Хрватска во Северна Македонија ќе продолжи, во сите прилики, да ја промовира не само Бајадера, туку и другите Крашови слатки производи. – изјави хрватската амбасадорка Тигањ.
На настонот присуствуваа пријатели на компанијата, претставници од бизнис секторот, како и родители и деца кои ги забавуваше диџеј Алек Солтиров заедно со маскотата Панда која ги наградуваше децата. На ре-отворањето присуствуваа и децата од СОС Детско село кои си добија слатки подароци.
– СОС Детско Село ги почитува ваквите иницијативи на компаниите, Краш е наш соработник и треба да биде пример и за другите компании да ги кани нашите деца на нивните настани за да се дружат со остантите деца. Секоја иницијатива и поддршка за нас е добредојдена, порачаа од СОС Детско Село.
Краш од 1911 годинa па до ден денес наназад е најголем производител и најзначаен бренд во категоријата чоколади, вафли, бомбоњери и бонбони е лидер во сите екс југословенски земји вклучително и Македонија.