Стефанос Циципас кој важи за еден од најдобрите тенисери на денешницата, даде една интересна, но може да се каже и контроверзна изјава.
По победата во 2. коло од турнирот во Мајами против Американецот Џефри Волф, „мртов-ладен“ Циципас даде изјава за машко-женските односи во тенискиот свет.
– Не сакам да бидам контроверзен, но жените добиваат исти пари за мечеви во три добиени сета, како и ние на пет. Не знам. Има многу научници, статистичари, што и да е, и ми беше кажано дека жените се поиздржливи од мажите. Можеби тогаш би можеле да играат и во трите освоени сета, изјави Гркот, претпоставувам мислејќи на бројот на сетови на Грен слем турнирите.
Ми се допаѓа форматот на три победи, од друга страна, да се игра на две победи, веројатно би имало повеќе различни победници. На пример, Зверев ќе победеше на УС Опен, а еве го мојот случај во Ролан Гарос против Ѓоковиќ.
Не требаше многу време Цициас да добие одговор,и тоа Каролина Плишкова, осмата тенисерка во светот.
La respuesta irónica de Pliskova a los cinco sets que propone Tsitsipas para las mujeres https://t.co/FXpGLi3GyQ
— MARCA (@marca) March 26, 2022