Јокиќ изедначи уште еден рекорд на Чембрлен, пожар во салата во Торонто

Никола Јокиќ одигра нов одличен натпревар во победата на Денвер над Оклахома со 113-107 за искачување на шестата позиција во Западната конференција. Српскиот интернационалец мечот го за заврши со дабл-дабл од 35 поени и 12 скока, а додаде и 8 асистенции.

Но, најмногу фасцинираше неговата ефикасност. Погоди 13 од 15 од игра, девет од 10 слободни фрлања. Кога сето ова ќе се собере, ова беше него трет меч во кариерата со барем 35 поени, 10 скока и пет асистенции, и шут од игра 85%. Ваков учинок во историјата на НБА-лига имал само Вилт Чембрлен.

Него го следеше Гордон со 20 поени и 9 скока, додека предводници на гостите беа Маледон со 20 поени и 4 скока и Покушевски со 17 поени, 5 скока и 5 асистенции.

Во останатите натпревари Сан Антонио славеше над Њу Орлеанс со 103-107, Сакраменто по продолженија беше подобар од Орландо со 110-114, Торонто славеше со 131-91 над Индијана, Чикаго со 94-98 против Кливленд, Мемфис продолжи со одличната форма и против Милвоки (127-102), Бруклин го доби гостувањето кај Мајами со 95-110, додека на гостинска победа се радуваше и Хјустон кој славеше против Портланд со 98-115.

Мечот меѓу Торонто Репторс и Индијана Пејсерс беше прекинат во првото полувреме поради пожар во „Скотибанк“ арената. Фановите мораа да ги напуштат трибините на четири минути до крајот на дуелот. Според тамошните медиуми се запалил еден од звучниците во арената.

Откако пожарникарите се качија на покривот и го изгаснаа пожарот, дуелот протодлжи, а Торонто дојде до убедлив триумф.

Треба да знаете
Последни објави