Церемонијата во Лос Анџелес ја одбележа војната во Украина. Домаќини на Оскарите беа Реџина Хол, Ванда Сајкс и Ејми Шумер.
Ѕвездите како Семјуел Ел Џексон, Џејсон Мамо, Бенедикт Камбербач носеа панделки или беџови со украинското знаме.
Мила Кунис, актерка која е родена во Украина, рече дека „не можат а да не бидат воодушевени од оние кои наоѓаат сила да продолжат да се борат во незамислива темнина“.
Потоа следеше момент молк и молба за помош на жртвите во Украина, додека на екранот пишуваше „Ве повикуваме да ја поддржите Украина на кој било начин“.
Една од водачите на церемонијата, Ејми Шумер, минатата недела му предложи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати преку видео врска, а Шон Пен подоцна рече дека Оскарите треба да се бојкотираат доколку не се дозволи обраќањето на Зеленски.
„Нема ништо повеќе што можат да направат Оскарите освен да му дадат шанса на Зеленски да разговара со сите нас“, рече Шон Пен.