Вил Смит по шлаканицата на Крис Рок: Љубовта нè тера да правиме луди работи

Во говорот за прифаќање на „Оскарот“ за најдобар актер во главна улога, Вил Смит низ солзи рече: „Љубовта ќе ве натера да правите луди работи,“ алудирајќи на инцидентот што се случи кратко пред тоа, кога му удри шлаканица на водителот Крис Рок.

Вил Смит нагласи дека негова должност е да ги заштити оние што ги сака, откако му ја врачија златната статуетка за улогата во „Крал Ричард“ каде го глуми таткото на тениските легенди Венус и Серена Вилијамс.

53-годишниот актер предизвика узбуна претходно кога го удри комичарот Крис Рок како реакција на невкусната шега на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

Некои дури и помислија дека реакцијата на Вил е дел од сценариото, но очигледно не било така.

„Сакам да ѝ се извинам на Академијата, на сите мои колеги номинирани. Ова е убав момент и не плачам поради тоа што освоив награда, не е за да добијам награда за мене, туку за да можам да засветам светлина. Тим и Тревор и Зак, и Санија и Деми и Онџани и целата актерска екипа на ‘Крал Ричард’, и на Венус и Серена, целото семејство Вилијамс,“ рече Вил.

Треба да знаете
Последни објави