Светскиот првак во кик бокс загинал бранејќи го Мариуопол

Тажна вест пристигна од Украина, која веќе повеќе од еден месец е под руска инвазија.

Светскиот шампион во кик-бокс Максим Кагал, кој имаше само 30 години, загинал во една од борбите во Мариупол.

-За жал, војната го зема најдоброто од себе. Максим Кагал загина на 25 март додека го бранеше градот Мариупол како дел од специјалната единица Азов, изјави неговиот тренер Олег Скирта.

Кагал го освои Светското првенство во кик бокс пред осум години. Тој го замени рингот со украинското бојно поле кога започна руската инвазија.

Треба да знаете
Последни објави