Вил Смит му се извини на Крис Рок за шамарот

Актерот Вил Смит, кој пред два дена ја доби наградата Оскар за најдобар главна машка улога, но и предизвика скандал кога му удри шамар на Крис Рок јавно му се извини на колегата и рече дека „насилството никогаш не е прифатливо“.

Тој се качи на сцената откако Рок кажа шега за избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет-Смит, која се бори со алопеција поради што ѝ опаѓа косата, при што го удри и потоа се врати на своето место во публиката. Набргу потоа, Смит го прими Оскарот за најдобра машка улога и се извини, но не и на Рок.

„Насилството во која било форма е отровно и деструктивно. Моето однесување на доделувањето на наградите беше неприфатливо и неоправдано. Шегите на моја сметка мене се дел од мојата работа, но шегите за болеста на мојата сопруга се премногу и јас реагирав емотивно. Крис, сакам јавно да ти се извинам. Претерав и згрешив. Се срамам и моите постапки не се во склад со човекот што сакам да бидам. Нема место за насилство во светот на љубовта и добрината. Длабоко жалам што моето однесување го оцрни нашето инаку прекрасно заедничко патување. Работам на себе, напиша Смит на Инстаграм.

Смит, инаку, по инцидентот отишол на забава, а Американската филмска академија размислува дали да му го одземе Оскарот.

 

Треба да знаете
Последни објави