Владимир Егоров е Европски шампион во борење.
Натурализираниот Македонец до златниот медал на шампионатот во Будимпешта стигна откако во финалето во категоријата до 57 килограми славеше над Азербејџанецот, Алијабабас Рзазаде со 8-6.
Претходно, тој издвојува две победи вчера. Против Никлас Штехеле од Германија во четвртфиналето беше подобар со 5-4, а во полуфиналето со 10-0 против Ерменецот Манвел Хнџрстјан.