Милевски и Сантош ги објавија составите

Вечерва во Порто на стадионот „Драгао“ со почеток од 20.45 часот во финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар силите ќе ги одмерат Португалија и Македонија.

Двајцата селектори Фернандо Сантош и Благоја Милевски одлучија со кои играчи ќе го започнат мечот од првата минута.
Очекувано во стартниот состав се враќа Елиф Елмас, заедно со Костадинов, а на клупата за резерви останаа Николов и Чурлинов.

За нашата селекција ќе стартуваат: Димитриевски, Алиоски, Д. Велковски, Муслиу, С. Ристовски, Трајковски, Адеми, Барди, Елмас, Костадинов и Ристовски.

Од клупата за резерви шанса за настап ќе чекаат: Наумовски, Шишковски, Тодороски, Ашковски, Ристевски, Чурлинов, Серафимов, Николов, Да. Бабунски, Спировски, Миовски.

За репрезентацијата на Португалија во стартните 11 се: Диого Коста, Жоао Кансело, Данило, Пепе, Нуно Мендеш, Бруно Фернандеш, Жоао Мутињо, Отавио, Роналдо, Диого Жота, Бернардо Силва.

Во споредба со мечот со Турција, Сантош направи само една измена, го остави на клупата Гериерио, а на негово место е Пепе.

Треба да знаете
Последни објави