Денвер оствари важна победа во борбата за плеј-оф, славејќи на гостувањето кај Шарлот со 113-109. Стандарно, најзаслужен за победата на Нагетси беше Никола Јокиќ кој запиша нов трипл-дабл.
Србинот го заврши натпреварот со 26 поени, 19 скока и 11 асистенции, две украдени топки, и четири загубени. На теренот мина 35 минути.
Него го следеа Гордон со 21 поен, додека Бардон уфрли 18.
Уште еден Србин блескаше ноќеска во НБА натпреварите. Богдан Богдановиќ одигра одличен натпревар оваа сезона, и ја предводеше Атланта до триумф над Индијана со 132-123. Репрезентативецот на Србија постигна 29 поени, и имаше 5 скока.
Торонто дури после продолженијата го „скрши“ отпорот на Бостон и ги совлада со 115-112.
Паскал Сијакам доминираше со 40 поени и 13 скока во победата, а Селтикс беа сериозно ослабени на овој натпревар без Џејсон Тејтум, Џејлен Браун и Ал Хорфорд.
Продолженија имаше и на дуелот Портланд – Оклахома, кој заврши со 131-134 во корист на гостинскиот тим.
Дебакл доживеа екипата на Голден Стејт Вориорс во отсуство на Стеф Кари и Клеј Томсон на гостувањето кај Мемфис Гризлис (123-95). Домаќиноти без Џа Морант немаше милост, уште пред полувремето покажа кој е кој, за потоа целосно да го декласира ривалот.
Со 25 поени најкорисен на натпреварот беше Пул од Вориорси, додека кај Гризлис со 22 заврши Бејн, а еден помалку уфрли Брукс.