Манчини го прими Златниот тапир за елиминацијата од Македонија

Италија нема да игра на Мундијалот во Катар и тоа благодарение на Македонија, и елиминацијата во полуфиналето од баражот.

Селекторот на „Азурите“, Роберто Манчини нема да поднесе оставка, ниту ќе биде разрешен од страна на надлежните. Ќе остане селектор и понатаму, но тоа нема да ја спречи јавноста да го критикува и да го исмева за неуспехот.

Па така, доделена му е „награда“ златен тапир, инаку тревопасно животно кое живее претежно во Јужна Америка и централна Азија.

Тапирот е традиционална награда во Италија за славни личности кои направиле гаф, глупост, или прописно се обрукале… како Манчини.

Треба да знаете
Последни објави