Селекторот Благоја Милевски ги избра 23-цата фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап вечерва.
Од составот отпаднаа Јани Атанасов, Валон Етеми, Ердал Ракип и Ердон Даци. Четворицата фудбалери ќе бидат на трибините, а останатите ќе конкурираат за натпреварот. Ќе потсетиме, Милевски за овој натпревар ги има на располагање Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кој беа суспендирани за дуелот во Палермо.
Во составот на Португалија селекторот Сантош нема да смета на Диого Далот од Манчестер Јунајтед, а на негово место ќе настапи Жоа Кансело кој беше под суспензија за натпреварот со Турција. Покрај Далот од тимот отпаднаа Гонсало Игнасио и Тијаго Џало.