Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИА), Макс Мозли се самоубил со истрел од пушка во глава во неговиот стан во Челси, Лондон откако дознал дека има само уште неколку недели живот по добивањето рак, се потврдило во истрагата по неговата смрт.
Негов сосед повикал полиција откако на неговата врата нашол порака: „Не влегувај, повикај полиција“, по што 81-годишниот Мозли, кој страдал од рак на простатата, бил пронајден со прострелна рана во главата, потврди судот во Вестминстер.
Мозли, чиј татко беше озголасениот лидер на британските фашисти Освалд Мозли, беше претседател на ФИА од 1993 до 2009 година, период во кој заедно со неговиот близок пријател, Берни Еклстоун беше еден од највлијателните луѓе во моторспортот и со кого ја трансформираа Ф1 во мултимилионски бизнис.
Тој беше приморан да си поднесе оставка од позицијата на ФИА, откако во 2008, поранешниот таблоид „Њуз оф д ворлд“ објави фотографии и видеа од садомазохистичка оргија во која тој носел нацистичка униформа.