ФФМ со мега-премија: Фудбалерите ќе добијат 4,5 милиони евра за пласман на Светско првенство

Македонските фудбалери ќе имаат дополнителен мотив за победа против Португалија во плеј оф натпреварот за СП „Катар 2022“, како што ветија челниците на Фудбалската Федерација 4,5 милиони евра!

Од ФФМ, сметаат дека со оваа награда ќе ги мотивираат фудбалерите да постигнат историски резултат и за прв пат во историјата на фудбалот во Македонија, да бидат меѓу учесниците на Светското Првенство во Катар 2022.

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, пред заминувањето во Порто вети премија од 500 илјади евра, во случај Македонија да се најде во „Катар 2022“.

Сега фудбалерите имаат 5 милиони причини да го дадат максимумот и да го фатат билетот за СП „Катар 2022“.

Треба да знаете
Последни објави