„Марка“: Убиецот на џинови му се заканува на Роналдо (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација не е вест број 1 само во нашата земја туку и во цела Европа. По победата над Италија, нашите фудалери беа на насловните страници на сите поголеми европски и светски весници и медиуми.

Денеска Македонија е на насловната страница и на најголемиот шпански спортски весник „Марка“.

„Убиецот на џинови му се заканува на Роналдо“, стои на насловната страница на еден од најпознатите светски медиуми.

Македонија вечерва гостува во Порто кај Португалија од 20:45 часот. Уште една сензација ќе значи и пласман на Светското првенство во Катар, а тоа веројатно ќе донесе уште многу насловни страници со македонската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави