Три гола предност на Нексе против Е. Пелистер пред реваншот во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со негатива се враќаат од гостувањето во Нашице, во првиот натпревар од осминафиналната фаза во Европската лига. На дуелот со Нексе Нашице „зелено-белите“ одиграа храбро и борбено, но забележаа минимален пораз од 29-26 кој за една седмица ќе треба да го анулираат во Битола.

Двете екипи во овој дуел влегоа по големи победи во домашните шампионати. Нексе Нашице по повеќе од една и пол деценија славеше над ППД Загреб, додека Еурофарм Пелистер направи брејк во Скопје и со победата над Вардар ја презеде лидарската позиција во Суперлигата. Стратегот на битолскиот тим, Жељко Бабиќ и на оваа средба не можеше да смета на својот најдобар ракометар.

Капитенот Јосип Периќ иако отпатува со екипата за Нашице остана на трибини, додека отсутен беше и Велковски, кој поради посериозна повреда ја заврши сезоната. Дополнителен проблем за хрватскиот стратег беше црвениот картон на Бојан Маџовски, кој мечот го заврши по само седум минути игра, а битолчани на левата крилна позиција останаа само со искусниот Гоце Ојлески.

Избраниците на Бабиќ имаа негатива во текот на целиот натпревар, а во финишот промашија три пенали кои на крај испаднаа како клучни за конечниот резултат на оваа средба.

Одличен меѓу стативите на битолскиот тим беше Мартон Секељ кој собра 16 интервенции, наспорти десетте кои ги искомбинираа голманите на Нексе.

Елмир Грачан со шест гола беше најефикасен во битолскиот тим, додека Рене Табоада запиша гол помалку. Од таборот на Нексе, одличен натпревар одигра мелиќ кој заврши со осум голови, додека шест постигна Јелиниќ.

Треба да знаете
Последни објави