Алек Болдвин ќе стане татко осми пат

Алек Болдвин повторно станува татко на 64-годишна возраст. Ова е веќе осми пат. Веста на „Инстаграм“ ја сподели неговата сопруга Хиларија (38).

„По многу подеми и падови во последните години, имаме возбудлив подем и огромно изненадување: уште еден Болдвин доаѓа оваа есен“, напиша Хиларија на „Инстаграм“. Во продолжение сподели видео од моментот кога им ја соопштила веста на другите деца.

Двојката веќе има шест заеднички деца: Кармен Габриела (8), Рафаел Томас (6), Леонардо Анхел Чарлс (5), Ромео Алехандро Давид (3), Едуардо (Еду) Пао Лукас (1,5) и Марија и едногодишната Лусија Викторија. Најновата ќерка ја дочекаа преку сурогат.

Болдвин има уште една ќерка Ајрленд Болдвин (26) со поранешната сопруга Ким Бесинџер.

Актерот беше во центарот на вниманието во последните месеци поради фаталниот инцидент на сетот на филмот Rust, кој заврши со смрт на снимателката Халина Хачинс. Пукањето во моментот сè уште е под истрага.

Треба да знаете
Последни објави