„Бриџертон“ продолжува да владее на „Нетфликс“

Серијата „Бриџертон“ го продолжува своето владеење на „Нетфликс“ имајќи предвид дека втората сезона постави рекорд со 193 милиони часови гледаност забележани неколку дена по нејзината премиера.

Медиумите пренесуваат дека втората сезона веќе постави рекорд на стриминг-платформата помалку од една недела по премиерата.

Романтичната серија веќе има забележано 193 милиони часови на гледање во светски рамки, најмногу од која било серија на англиски јазик на „Нетфликс“ во првите три дена, според „Холивуд репортер“.

Покрај ова, хит-серијата е исто така во топ-10 во 92 од 93 земји каде што стримерот го следи рангирањето. Јапонија е единствениот исклучок, според „ТХР“.

Серијата, која дебитираше на 25 март, е само една од трите топ-10 серии продуцирани од Шонда Рајмс. „Измислување на Ана“ (Inventing Anna) моментално е трета.

Треба да знаете
Последни објави