Џим Кери: Вил Смит требаше да биде уапсен, мене да ме удреше ќе го тужев за 200 милиони долари

Актерот комичар Џим Кери јасно стави до знаење дека верува оти Вил Смит, удирајќи му шлаканица на Крис Рок за време на „Оскарите“, не само што направи непоправлива штета на неговото наследство туку и на целата холивудска индустрија.

Во интервју за „Си-би-ес морнингс“ со Гејл Кинг, Кери рече дека Смит треба да се соочи со многу поголеми последици за шлаканицата откога комичарот Рок се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда.

Смит не само што не беше исфрлен од настанот, туку доби стоечки овации по освојувањето на „Оскарот“ за најдобар актер за „Кралот Ричард“. Тој во понеделникот се извини во објава на „Твитер“.

-Ми се слоши од целата ситуација, која вклучуваше и овации“, рече Кери во емисијата и по коментирањето на Кинг дека на некој друг да му се случеше ова, сигурно ќе биде избркан, а можеби и уапсен, Кери одговори: „Требаше да биде уапсен“.

Покрај неговите остри зборови за ѕвездата на „Мажи во црно“, актерот комичар публиката на оскаровската церемонија ја нарече без’рбетна поради непреземањето акција.

-Холивуд е масовно без ‘рбет и навистина се чувствував дека ова е јасен показател оти повеќе не сме истиот клуб од порано, рече Кери.

Тој истакна дека за разлика од Рок кој не поднел жалба против Смит, тој веднаш ќе поднел тужба.

-Веднаш следното утро би објавил дека го тужам Вил за 200 милиони долари. Тоа видео ќе биде таму засекогаш, изјави Кери.

Треба да знаете
Последни објави