Европскиот првак Италија доживеа елиминација од Македонија во баражот за Светското првенство, но, сепак, медиумите во оваа земја се уште се надеваат дека „аѕурите“ би можеле од споредна врата да се провлечат на мундијалот во Катар.
Иран би можел да добие санкции од ФИФА затоа што на натпреварот против Либан домаќините забраниле жени да присуствуваат на трибините, а тоа сериозно ги налутило челниците на светскиот фудбал.
Најекстремната казна која ја „развиваат“ како теорија Италијанците е Иран да не биде исфлрен од СП во Катар. Инаку, повеќе од 2.000 жени останале надвор од стадионот и не им бил дозволен влез на мечот со Либан, иако уредно имале билети за натпреварот од квалификациите за СП 2022.
Во една ваква ситуација, можеби Италија како европски првак и тим со најдобар рејтинг кој не е на светскиот фудбалски собир би добила дополнителна покана да биде учесник на Светското првенство.