Македонија 62. на најновата ранг-листа на ФИФА

Македонската А репрезентација не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во Катар после поразот (2:0) од Португалија во баражот.

Во полуфиналето од плеј-офот избраниците на селекторот Благоја Милевски во Палермо го совладаа актуелниот европски шампион Италија со резултат 0:1.

Токму тој триумф ни донесе скок од пет места на новата ФИФА ранг-листа која е денеска објавена.

Во февруари бевме на 67 место, а сега сме на 62 позиција со 1381 поен, веднаш пред Исланд, а зад Панама. Следните дуели нашата сениорска селекција ќе ги има во јуни во рамките од УЕФА Лигата на нации, Лига „Ц“.

Имаме нов лидер на ФИФА ранг-листата, тоа е Бразил, пред Белгија, а третопласирана е Франција.

ФИФА ранг-листа
Топ 10 –

1. Бразил 1832,69 поени
2. Белгија 1827
3. Франција 1789,85
4. Аргентина 1765,13
5. Англија 1761,71
6. Италија 1723
7. Шпанија 1709,78
8. Португалија 1674,78
9. Мексико 1658,82
10.Холандија 1658,66

Треба да знаете
Последни објави