Денеска на 72 Конгрес на Светската фудбалска куќа (ФИФА) кој се одржува во Доха е донесена одлука да бидат суспендирани три фудбалски федерации.
Поради политичко мешање во управувањето со фудбалот, суспендирани се Пакистан, Зимбабве и Кенија на неодредено време од сите меѓународни фудбалски активности.
На овој Конгрес се водат дискусии на голем број теми, помеѓу кои и прашањето за политичката позиција на Иран за жените кои не можат да присуствуваат на фудбалски натпревари.
Фудбалската федерација на Исламска Република Иран ризикува да биде исклучена од Светското првенство во Катар.
Се шпекулира дека можно е Италија да се најде на Мундијалот иако беше елиминирана во баражот од Македонија.