Дејвис: Се обидовме да се надигруваме, но бевме на ниво само 15 минути

Ракометарите на Вардар 1961 загубија во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Веспрем. Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ се одигра во одлична атмосфера, пред одлично исполнети трибини.

На средбата со медиумите по дуелот зборуваше тренерот на „црвено-црните“, Давид Дејвис Камара кој го изрази своето незадоволство.

„Јас работев со Момир Илиќ во Веспрем и сакам да му честитам. Се надевам ќе се среќаваме често во елитата. За натпреварот, сакам да им честитам на играчите за напорната работа во овие два месеци. Тие ми дадоа многу возбуда откако дојдов тука. Беше тешко, целта ни беше пласман во нокаут фазата и ја исполнивме. Се обидовме да се подготвиме за Веспрем, ама одигравме само 15 добри минути. За два месеци се покажа до кое ниво стигнавме, а така не може да се дојде до успех. Ќе продолжиме да напредуваме и верувам дека со време ќе го достигнеме посакуваното ниво во играта. Имаме реванш, ќе се подготвиме и за него и ќе се бориме додека имаме шанса. Благодарен сум на „Комити“ и сите останати во салата кои ни пружија неверојатна поддршка.“, изјави Дејвис.

Вардарци патуваат во Веспрем со висока негатива, па ќе мора да одиграат за честа и за респектабилна претстава во нокаут рундата.

Треба да знаете
Последни објави