Крис Рок допрва ќе реши за следниот чекор: Сè уште го обработувам она што се случи

Сега веќе озлогласената шлаканица е тема во секој агол на интернетот и телевизијата неделава – но Крис Рок остана забележливо тивок.

Односно, до средата вечерта кога го прекина молкот и јавно се осврна на темата во текот на стендап-шоу во Бостон.

„Оф, во ред!“, извика тој при влегувањето на сцената во театарот „Вилбур“. Публиката во салата со 1.000 седишта го поздрави 57-годишниот комичар со добредојде како на рок-ѕвезда. Тој очигледно уживаше во стоечките овации што грмеа речиси две минути, а потоа се обиде да ги стивне: „Пуштете ме да го правам шоуто!“

По неколку дополнителни моменти на аплауз, Рок му се обрати на слонот во просторијата. „Како ти помина викендот?“ почна со намигнување предизвикувајќи бран смеа.

„Немам што да ви кажам за тоа што се случи, па ако дојдовте да слушнете нешто, имам цел настап што го напишав пред овој викенд. Сè уште некако го обработувам она што се случи“.
„Во одреден момент во иднина ќе зборувам за тоа сра*е. Ќе биде и сериозно и смешно“.

Еден од присутните потоа извика „Е*ати Вил Смит!, но Рок го игнорира коментарот и го почна својот едночасовен настап.

„Ќе кажам неколку вицови“, рече тој. „Убаво е да се излезе надвор“.

Треба да знаете
Последни објави