Владата на Република Северна Македонија во дијалог со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни во изминатиот период постигна договор за зголемување на најниските плати, а утврдена е и методологија со која истата континуирано ќе расте.
Владата се грижи за стандардот на граѓаните и посветено работи за ублажување на последиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна.
Процентуално во периодот 2012-2016 година минималната плата е зголемена за 25,2%, а за период 2016-2022 година 78,6%.
Владата продолжува со уште посилен интензитет да ја помага економијата и да создава услови за раст на платите. Се залагаме за унапредување на животниот стандард, а тоа е потврдено и со растот на пензиите, со бројките за раст на просечната нето плата, со намалување на невработеноста, со зголемената социјална помош, детскиот додаток, образовниот додаток, стипендиите. Продолжуваме со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард.