Велшкиот интернационалец Герет Бејл на лето и дефинитивно ќе го напушти Реал Мадрид, а доколку не стави крај на кариерата по мундијалот во Катар, би можел да се пресели во Италија и да го облече дресот на Милан.
Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, веќе стапил во контакт со Велшанецот и ќе се обиде да го убеди од Мадрид да се пресели на „Сан Сиро“.
По Реал Мадрид, Милан е клуб со најмногу трофеи во Лигата на шампионите и Бејл би бил еден од ретките играчи кои го носеле дресот на двата клуба, Роналдо, Бекам, Сидорф…