Попладне обилен дожд и силен ветер

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во западните делови. Поради адвекција на прашина од Сахара ќе има услови дождот да биде обоен. Ќе дува засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец, наместа со брзина и над 60 км/час.  Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени,  прогнозираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер.

Треба да знаете
Последни објави