Украинците ослободија две села во близина на Чернихив

Министерството за одбрана на Велика Британија го објави најновиот извештај за настаните во Украина, во кој се наведува дека украинската војска ги ослободила селата Лукашивка и Слобода, недалеку од Чернихив.

Британското Министерство за одбрана наведува дека Украинците ја продолжиле кампањата на успешни контранапади источно и северно од Киев.

Патем, и покрај ветувањата за драстично намалување на интензитетот на воените активности, Русија не престанува со воздушни напади врз Киев и Чернихив.

Треба да знаете
Последни објави