Хамилтон: Тешко е да се биде позитивен, се мачев психички и емоционално

Луис Хамилтон откри дека со себе води ментална и емотивна борба, како и дека вложува константен напор да продолжи понатаму. Седумкратниот светски шампион минатата сезона беше поразен во драматична борба за титулата со Макс Ферстапен, а оваа сезона не ја започна баш на најдобар начин.

Во Бахреин се најде на петтото место, додека минатиот викенд во Саудиска Арабија беше дури десетти. Сето тоа е прилично далеку од очекуваното.

„Тоа беше мошне тешка година со сето она што се случува околу нас. Некои денови ми беше тешко да останам позитивен. Долго се мачев психички и емоционално да продолжам со постојаниот напор. Но, мораме да продолжиме да се бориме, имаме многу што да направиме и постигнеме“, порача Хамилтон преку Инстаграм.

Британецот беше против настап во Џеда, бидејќи на трката и претходеше напад на рафинеријата која е во непосредна близина, што ги исплаши учесниците.

„Ви пишувам бидејќи е потполно во ред да се чувствувате онака како што се чувствувате, само знајте дека не сме сами и дека ќе го надминеме ова. Еден пријател ме потсети денес, толку си моќен и можеш да постигнеш се што ќе ти падне на памет. Можеме да направиме се што ќе ни падне на памет. Ајде да живееме во благодарност поради ова уште еден ден“, додаде Хамилтон.

Треба да знаете
Последни објави