Хоспитализиран Жарко Паспаљ

Легендарниот српски кошаркар Жарко Паспаљ е примен на Институтот за кардиоваскуларни заболувања на Дедиње.

Иако сите се исплашија кога се прошири оваа вест, поранешниот кошаркар на Партизан и прославениот ас на југословенската репрезентација во изјава за „Информер“ потврди дека нема место за паника.

– Се е во ред, тоа е стара болка во ногата,изјави Паспаљ.

Да потсетиме, легендата на Партизан во својата блескава кариера настапуваше во НБА за Сан Антонио Спарс, додека во Европа се етаблираше настапувајќи за грчките клубови Олимпијакос, Панатинаикос, Паниониос, Арис од Солун.

Ги бранеше и боите на француски Париз, а патиките ги закачи на колче во 1998 година во Виртус од Болоња.

Во репрезентацијата на Југославија освои два сребрени медали на Олимписките игри, во 1988 година во Сеул и во 1996 година во Атланта.
Тој освои златен медал на Европските првенства во 1989, 1991 и 1995 година, како и на Светското првенство во Аргентина во 1990 година.

Треба да знаете
Последни објави