Горан Пандев играше од првата минута за Парма против Козенца/Фото: instagram.com/parmacalcio1913
Денеска во рамките од 32 коло во италијанската Серија Б составот на Парма славеше со 1:3 кај Козенца.
За гостите од првата минута настапи македонскиот напаѓач Горан Пандев кој асистираше во деветтат минута до Бернабе за водство од 0:1.
Данило во 47 минута ја зголеми предноста, а во 68 минута Пандев ја напушти играта и на негово место во игра влезе Сими.
За домаќините намали Ларивеј од пенал во 75 минута, а победата ја потврди Бернабе со својот втор гол во 88 минута.
Парма е на 13 место со 42 бодови во генералниот пласман, а Козенца е на 18 позиција со 24.




