Се очекуваше лондонските „сини“ да ја продолжат победничката серија во Премиер лигата, но истата изненадувачки ја прекинаа фудбалерите на Брентфорд.
Играчите предводени од менаџерот Томас Франк важеа за аутсајдери на стадионот „Стемфорд Бриџ“, но приредија големо изненадување совладувајќи го актуелниот европски шампион Челси со убедлив резултат 1:4.
Мируваа мрежите по првиот дел, а на стартот од второто полувреме домаќините водеа со голот на Рудигер после асистенцијата на Канте.
Само 120 секунди подоцна израмнија гостите преку Јанелт, а во 54 минута Ериксен стрелаше за 1:2. За Данецот ова беше прв гол за „пчелите“. Јанелт по вторпат се запише во листата на стрелците после еден час игра, а Виса го потврди триумфот на гостите во 87 минута.
Ова е четврти пораз сезонава за тимот на Томас Тухел и моментно трето место со 59 бодови, додека Брентфорд е на 14 позиција со 33.
Манчестер сити се врати на врвот на табелата по триумфот над Барнли (0:2). Стрелци на головите за „граѓаните“ беа Де Брујне во петтата и Гундоган во 25 минута.
Мируваа мрежите по првиот дел, а на стартот од второто полувреме домаќините водеа со голот на Рудигер после асистенцијата на Канте.
Само 120 секунди подоцна израмнија гостите преку Јанелт, а во 54 минута Ериксен стрелаше за 1:2. Јанелт по вторпат се запише во листата на стрелците после еден час игра, а Виса го потврди триумфот на гостите во 87 минута.