Манчестер Јунајтед без Роналдо не го победи Лестер Сити пред своите гледачи и си направи проблеми во борбата за местата кои носат групна фаза во Лигата на шампионите.
Во 30. коло од Премиерлигата, „црвените ѓаволи“ ремизираа (1-1) со Лестер, а се спасија од пораз откако ВАР-системот поништи гол на гостите во 80. минута. Фред го спаси домашниот тим со погодок само три минути по реализацијата на Ихеначо.
Екипата на Ралф Рангник имаше многу среќа при една акција во вториот дел, кога Скот МекТоминај стартуваше невнимателно врз ногата на Џејмс Медисон. Фановите на социјалните мрежи пишуваат дека шкотскиот интернационалец требаше да заработи црвен картон и да ја напушти играта. Судијата му прогледа низ прсти на домашниот играч, но и тоа не беше доволно тимот од Манчестер да слави на оваа средба.
Ихеаначо во 63. минута ги доведе гостите до предност од 0-1, но Фред во 66. минута успеа да израмни на 1-1.
Манчестер јунајтед се спаси од пораз во 80. минута кога Медисон постигна гол за гостите, но по ВАР-реакција беше поништен поради наводен прекршок.



