(Видео)Животот не се живее без проблеми: Синиша Михајловиќ од болница се вклучи во живо и ја крена Италија на нозе 

Српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ е во болница каде по втор пат се лекува од леукемија. Без разлика на сите проблеми, Михајловиќ во секој момент е со својот тим, заедно со фудбалерите на Болоња кои следниот меч ќе го одиграат против лидерот во шампионатот Милан.

Миха им се обрати на избраните преку видео линк од болницата Сент Орслоа.

– Физички нема да бидам таму, но психички секогаш ќе бидам со вас. Ќе го гледам секој натпревар, постојано комуницирам со играчите. За жал, ова веќе го правевме пред неколку години, но сигурен сум дека ќе се борам за вас  во оваа соба и сигурен сум дека и вие ќе се борите за мене. Оваа болест ја победивме порано, заедно можеме повторно, не се сомневам во тоа. Животот не се живее без проблеми, туку со проблемите. Животот не е права линија, тој има свои подеми и падови. Но секогаш стануваш и го продолжуваш патувањето, им порача Синиша Михајловиќ на своите играчи.

Тој истакна дека таквите ситуации го принудуваат човекот да избира меѓу два пата.

– Во тешките моменти ја гледате храброста и реакцијата на човекот. Има два пата, едниот е деструктивен, кога се жалите и кога губите надеж. Другиот е конструктивен кога барате позитивни работи и се држите до тоа. Ќе ја надминам оваа болест, имам верба во лекарите, затоа сакам ентузијазам, а не загрижени луѓе. Знам дека ќе победам. Мораме да бидеме обединети, ако ви треба нешто, јас сум тука. Знам дека ви е тешко поради резултатите, а не поради настапот. Не е најлесно да се игра со Милан, но ќе има 60.000 навивачи и нема ниту нив да им биде лесно, рече Михајловиќ.

Треба да знаете
Последни објави