Шпанскиот тинејџер и наследник на Надал го собори рекордот на Ѓоковиќ

Талентираниот шпански тенисер Карлос Алкараз го освои својот прв АТП турнир 1000, откако во финалето во Мајами, во 7:5, 6:4 беше подобар од Каспер Руд од Норвешка.

Алкараз е 18-годишен тинејџер и според многумина тениски стручњаци, тој ќе биде наследникот на Рафаел Надал. На турнирот во Мајами, тинејџерот блескаше и заслужено стигна до неговиот прв ваков трофеј.

Ова за младиот Шпанец е најголем успех во досегашната кариера, победа со која го собори рекордот на Новак Ѓоковиќ во Мајами, односно со 18 години и 11 месеци стана најмладиот тенисер кој во 37-годишната историја на турнирот успеал да ја подигне титулата на оваа сцена.

-Немам зборови да опишам како се чувствувам во моментов. Толку е посебно да го освојам мојот прв Мастерс 1000 овде во Мајами. Имам неверојатен тим со мене… Пресреќен сум поради победата и мојот тим, порача Карлос

Карлос е и третиот најмлад освојувач на еден Мастерс 1000 турнир, веднаш зад Мајкл Ченг и Рафаел Надал.

Со овој резултат тинејџерот на најновата АТП листа ќе дојде до 11 место.

Треба да знаете
Последни објави