Барселона се искачи на второто место во шпанската Примера дивисион, откако на „Камп Ноу“ во дербито ја победи Севилја со 1:0. Со овие три бода, Барселона стигна до 57 бодови, колку што имаат и Атлетико Мадрид и Севилја, што значи дека борбата за второто место ќе биде многу интересна.
Барселона беше доминантна во поголем дел од мечот, но Севилја добро се бранеше.
Така беше до 72 минута, кога блесна најдобриот млад фудбалер во Европа.
Педри доби една топка на 20-тина метри од противничкиот гол, со две финти успеа да излета двајца противнички фудбалери, а потоа со хируршки прецизен удар погоди за 1:0 за Барселона.
Pedri’s goal vs Sevilla. He made Rakitic lie down in green pastures pic.twitter.com/dczmVQfwKy
— NUNGUA BURNA ( FACTOS RONALDO ) (@viewsdey) April 3, 2022