Тимот на Тотенхем го растури Њукасл со 5-1 во последниот натпревар од денешната програма од 31. коло во Премиер лигата.
Домашниот тим прв прими гол на овој дуел и тоа преку Шар во 39 минути, но тоа не му пречеше да се разбуди и го потврди статусот на фаворит. До крајот на првиот дел Дејвис донесе изедначување кое придонесе за нова енергија која се почувствува веднаш по паузата.
Имено „петлите“ веќе до 54 минута поведоа со 3-1 со головите на Доерти и Сон за да во преостанатиот дел „петардата“ ја комплетираат Емерсон Ројал и Бергвајн.
Избраниците на Конте дојдоа до 54 бод и поради подобрата гол разлика во моментов се на четвртото место на табелата пред лутиот ривал Арсенал кој утре го игра мечот од актуелното коло против Кристал Палас.