(Видео) Кошаркарите на Црвена звезда во Каунас одбија да држат парола против војната во Украина, добија жестоки свирежи

Екипата на Црвена Звезда го одигра одложениот натпревар против Жалгирис во Евролигата и впиша шокантен пораз по продолжение (88-88 регуларен дел, 103-98), кој, нема да влијае на тимот и амбициите во најквалитетното натпреварување затоа што шансите за ТОП-8 се загубени.

Мечот го одбележаа жестоките свирежи кои гостинските кошаркари ги добија пред стартот на средбата во Каунас. Причината беше затоа што членовите на Црвена Звезда одбија да го држат банерот на кој стоеше „Престанете со војната“ во боите на Украина.

Жалгирис имаше подобро прво полувреме и на паузата водеше со 13 поени (45-32), меѓутоа Црвена Звезда одигра одличен трет период со вкупно 35 реализирани поени и така се врати во натпреварот (60-67). Во последните десет минути Звезда поведе со пет поени во еден момент (80-85), а Жалгирис со тројка на Кевано во последна секунда извлече продолжение. Во додатните пет минути Звезда даде само два поени за скоро четири минути и така доживеа неуспех.

Добриќ беше најефикасен кај Звезда со 21 поен, пред Давидовац со 18 поени, а кај Жалгирис, Улановас даде 18 поени, а Лекавичиус уфрли уште 17.

Треба да знаете
Последни објави