Тотенхем се радува, Палас го изненади Арсенал

Кристал Палас го совлада Арсенал со 3-0 во рамки на 31.коло во Премиерлигата.

Во малото лондонско дерби домашниот тим по првото полувреме водеше со 2-0 благодарение на головите на Жан-Филип Матета во 16.минута и Жордан Ају во 24.минута. Точка на победата на домашниот тим стави Вилфрид Заха во 74.минута од пенал.

Палас ја потврди својата добра форма и на последните пет натпревари во Премиерлигата нема пораз, односно има три победи и две ремија, па сега се наоѓа на 9.место со 37 бодови. Арсенал има 54 бодови на 5.место, колку што има и Тотнем на четвртото.

https://twitter.com/i/status/1511061027378503682

https://twitter.com/i/status/1511079564071653386

 

 

Треба да знаете
Последни објави