Купувањето на Гезтепе од страна на Роман Абрамович е готова работа. Ова го тврди „Д-Смарт Спор“ кој пишува дека рускиот бизнисмен и клубот си подале рака. Наводно двете страни веќе се договориле, а сите детали ќе биле објавени во петок.
За првпат информации околу можно купување на Гезтепе од страна на Абрамович се појавија на 23. март. Претходно рускиот милијардер најави продажба на Челси поради санкциите од Британија.
Гезтепе е тим од Измир, третиот по големина град во Турција. За овој тим настапува Адис Јаховиќ, кој вторпат се врати во тимот. Во моментов екипата се бори за опстанок, и се наоѓа на 18. место со 27 бодови од 31 меч.