На Светско во Катар фудбал ќе се игра – 100 минути?!

Светското првенство во Катар, кое ќе биде прво во историјата што нема да се игра традиционално во јуни и јули, туку ќе е зимско во ноември и декември, ќе имало уште едно револуционерно правило – мечевите немало да траат 90 минути.

Италијански „Кориере дело Спорт“ објави дека ФИФА планира мечевите да траат 10 минути повеќе, односно точно 100 минути за да се надополнелно изгубеното време, зашто сите истражувања покажале дека ефективно време на игра на мечевите е помалку од 55 минути (точно 54,61 минута).

Со дополнителни десет минути ФИФА планира да го надополни „украденото време“ со цел ефективната игра да биде далеку поголема. Исто така пет замени ќе бидат употребувани и на овој шампионат, а првпат на големите натпреварувања се воведоа на ланското Европско првенство низ Европа.

Инаку на ова СП треба да се воведен подобрена верзија на ВАР-системот, односно систем кој многу побрзо ќе ги детектира офсајдите, наместо досегашното мерење во ВАР-собата и повлекувањето на цртите. Првпат системот се тестираше на Светското клупско првенство во февруари во Емиратите.

Треба да знаете
Последни објави