Сити го проби бункерот на Атлетико, Ливерпул убедлив во Лисабон

Англиските екипи вечерва ги добија своите први четвртфинални натпревари, Манчестер Сити со 1-0 го совлада Атлетико Мадрид, а Ливерпул со 3-1 беше подобар од Бенфика во Лисабон.

На Манчестер Сити му беше тешко да го пробие бедемот на Атлетико Мадрид. Тимот на Пеп Гвардиола имаше иницијатива, но гостите од Шпанија одлично се бранеа. Во првото полувреме речиси и да немаше шанса.

Во вториот дел најпрво Де Брујне имаше убав обид од слободен удар, но Облак одбрани.

Цврстата одбрана на Атлетико Мадрид конечно беше скршена во 70. минута кога по убава асистенција од Фоден, Де Брујне погоди за водство на Манчестер Сити од 1-0 што беше и конечен резултат.

Ливерпул уште во Лисабон си ја заврши работата, на Бенфика ќе и биде тешко да надополни негатива од 3-1 на Енфилд.

Резултатот беше отворен уште во 17. минута кога Конате даде гол за водство на Ливерпул од 1-0, а во 34. минута Мане постигна погодок за предност и од 2-0.


По само четири минути игра во второто полувреме, Конате направи голема грешка која ја искористи Нињез и намали на 2-1.

Но во финишот од мечот, Диаз даде гол за победа на Ливерпул од 3-1.

Треба да знаете
Последни објави