Артим Шаќири на привремена основа до крајот на сезоната ќе седи на тренерското столче на Шкендија, потоа ќе стане дел од раководството, односно спортски директор.
Црвено-црните“ од Тетово вчера се разделија со Бруно Акраповиќ поради слабите резултати оваа сезона.
Денеска веднаш беше именуван неговиот наследник, Артим Шаќири ќе седне на тренерското столче. Овој потег сепак е привремен, легендата на Македонија ќе биде тренер само до крајот на сезоната.
Тој потоа ќе стане дел од раководството, односно ќе ја извршува улогата на спортски директор.