Џудо-тренер од Прилеп доби 20 години затвор за обљуба на малолетнички кои ги тренирал!

Единствена казна затвор од 20 години доби 47 годишниот прилепчанец, џудо тренер Рубин Пеески, обвинет за обљуба на четири девојчиња на кои им бил тренер.

Според портпаролот на прилепскиот Основен суд, Жарко Велески, на Пеески му е изречена и забрана за вршење професија, дејност, од 10 години.

– Осуден е за две продолжени кривични дела – обљуба со злоупотреба на положбата по член 198, став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, став 1, од Казнениот законик, како и за две кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 2 во врска со став 1 од КЗ. Осуден е на единствена казна затвор од 20 години. Исто така, му е изречена забрана за вршење професија, дејност во траење од 10 години, изјави Велески.

Според обвинението, Пеески во текот на 2020 година во Прилеп и на други места, заради задоволување полови страсти, со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејства врз деца кои наполниле 14 години. Станува збор за 4 девојчиња, ученички на кои им бил тренер.

За случајот јавноста дозна во почетокот на минатата година кога еден од родителите го пријавил тренерот во полицијата. Oд џудо федерацијата тогаш информираа дека тој претходно бил санкциониран, односно му била одземена лиценцата.

Треба да знаете
Последни објави