Реал Мадрид го освои Лондон во првата меѓусебна средба од четвртфиналето и славеше со 3-1 против актуелниот европски шампион Челси, додека Вилјареал славеше на домашен терен против Баерн Минхен со 1-0.
Карим Бензема повторно беше херој на „кралевите“ откако, како и против Пари Сен Жермен и вечерва постигна хет-трик.
Французинот со два гола за три минути во 21. и 24. донесе брзо водство за Реал Мадрид од 0-2. До крајот на првото полувреме домаќините намалија на 1-2 со голот на Каи Хаверц во 40. минута.
На Челси му пресуди Менди, кој му подари гол на Бензема во 46. минута, а Французинот не згреши и постигна хет-трик против европскиот шампион, кој доминираше до крајот, но залудно бидејќи резултатот не се промени.
Вилјареал успеа да го шокира баварскиот гигант во осмата минута од мечот кога Данјума ја затресе мрежата на гостите за 1-0, а дополнителен шок можеше да приреди Кокелан кој ја затресе мрежата на Баерн за 2-0, но истиот беше поништен поради офсајд.