Стоилов: Ова е лекција за нас и се надевам дека следната година ќе бидеме подобри

Ракометниот шампион на Македонија Вардар со реми (31-31) на гостувањето во Веспрем се збогуваше од годинашното издание во Лигата на шампионите.

Капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов изјави дека шансите за пласман во четвртфиналето Вардар ги загубил во првиот меч кој минатата недела во Скопје го загуби со (22-30).

-Сакам да кажам најпрво благодарност за нашите навивачи кои дојдоа тука и покрај нашиот пораз во Скопје. Многу загубивме на првиот меч, но тука дојдовме да се бориме. Знаевме дека ќе биде тешко да се победи Веспрем и јасно е дека шансите за четвртфинале ги загубивме во Скопје. Ова беше чуден натпревар, тука дојдовме со осум гола негатива, ама со желба да се бориме и да го прикажеме најдоброто. Се надевам дека успеавме да го направиме тоа по вкус на тренерот. Имавме добри голмани. Не е лесно вака да се одигра натпревар, посебно кога ќе загубиш со осум гола на домашен терен. Овој резултат може да биде чекор напред за нас во битката на домашната сцена која следи. Ова е лекција за нас и се надевам дека следната година ќе бидеме подобри, изјави Стоилов.

Треба да знаете
Последни објави