Тен Хаг ќе го замени Рангник на кормилото на Јунајтед

Манчестер Јунајтед наскоро официјално ќе потврди дека нов тренер на клубот ќе биде Ерик Тен Хаг од Ајакс, објави холандското издание на „ЕСПН“ кој тврди дека се е веќе договорено.

Овој 52-годишен стручњак во трката за тренерската позиција во Манчестер Јунајтед го победил Маурисио Покетино од ПСЖ, селекторот на Шпанија Луис Енрике и тренерот на Севиља Жулен Лопетеги. Управата на Манчестер Јунајтед одлучи дека токму Тен Хаг е идеалниот човек за соработка со Ралф Рангник. Германецот по доаѓањето на Тен Хаг ќе се пресели од функцијата тренер на една од главните извршни функции во спортскиот сектор.

На крајот од сезоната Тен Хаг ќе го напушти Ајакс и според договорот со фудбалскиот директор на Јунајтед, Џон Мурто и техничкиот директор Дарен Флечер ќе ја преземе екипата со цел да ја подготви за следната сезона.

„ЕСПН“ пишува дека управата на клубот на крајот листата на кандидати ја свела само на Тен Хаг и Покетино и дека за Холанѓанецот се одлучила поради цената која Јунајтед би морал да ј аплати на ПСЖ за да го пушти Покетино пред истекот на договорот, кој на „Паркот на принцовите“ има уште една година.

ПСЖ за Покетино барал дури 15 милиони фунти, додека Јунајтед со Ајакс договорил компензација од 1,7 милиони евра и брзо ги завршил преговорите. Изворите на „ЕСПН“ исто така тврдат дека Рене Муленстајн, човекот кој од 2007 до 2013 му беше асистент на Сер Алекс Фергусон, сега е кандидат за помошник на Тен Хаг.

Треба да знаете
Последни објави